Состанок и годишно планирање на Претседателството на Македонскиот сојуз
Во просториите на друштвото „Кочо Рацин“ во Борос на 12-13 ноември 2011 година се одржа состанок на Претседателството на МС на кој, меѓу другото, беа усвоени предлог планот за работа и буџетот на МС за 20112 година. Предлозите ќе бидат доставени до делегатите на годишното собрание на МС кое че се одржи на 3 март 2012 година.
На состанокот присуствуваше и претставник на АБФ кој зборуваше за некои идеи и предлози околу освежување на традиционалната дејност во друштвата и клубовите и околу потребата да се следи духот на новото време и потребите на помладите генерации.
А во вечерните часови беше одвоено малку време и слободни активности и пријателско дружење, со еден дел забавни игри и натпревари, за чија подготовка се погрижи Кире Кленковски.