Статут на Македонскиот сојуз во Шведска

Со измените и дополнувањата од состанокот на советот на МС во Трелеборг, 22 февруари 2003
blog   

Основни одредби

1.Македонскиот сојуз (понатаму МС) во Шведска е доброволна и општествена организација, основана со цел да ги заштити и застапува интересите на своите членови (друштвата и клубовите).

Основни задачи на МС се:

-Да работи за зачувување на културата , јазикот, писмото и обичаите на граѓаните од Република Македонија во Шведска;

-Особено да се грижи за зачувување на македонската култура и идентитет кај децата и младината;

-Да работи на зближување и продлабочување на пријателството помеѓу народите на Република Македонија и Кралството Шведска, а воедно да ги застапува интересите на своите членови пред органите на овие држави;

-Да се залага за проширување на пријателските врски и соработката меѓу органите и институциите на Република Македонија и Кралството Шведска;

-Да дејствува како координатор меѓу македонските друштва и клубови.

2.МС е неполитичка организација, а својата дејност ја темели врз основа на демократските начела и принципи.

3.Полното име гласи: Македонски сојуз во Шведска.

На шведски:Makedoniska riksförbundet i Sverige.

4. МС има свој печат, кој изгледа вака: тркалезен, во кој пишува на македонски јазик „Македонски сојуз„ и на шведски „Makedoniska riksförbundet“ , а во средината е сонцето со шеснаесет краци.

5.Службен јазик на МС е македонскиот како и шведскиот јазик.

6.Седиштето на МС се одредува според местото на живеење на новоизбраниот секретар, односно на вработениот секретар.

Членство

7.Членови на МС можат да бидат друштва и клубови регистрирани во согласност со шведските закони и кои го прифаќаат Статутот на МС. Македонските православни цркони општини (MPCO) во Шведска се почесни членови на МС.

8.Молба за прием, со статут на друштвото, број на членови и програма за работа се поднесува најмалку еден месец пред Собранието или Советот на МС. Годишното собрание или Советот на МС решава за прием на нови членови со 2/3-ко мнозинство од присутните делегати.

9.Друштвата и клубовите, членови на МС, кои што ги кршат одредбите на Статутот на МС и ја злоупотребуваат целта и дејноста на МС. можат да бидат исклучени од него. Одлука за исклучување на членовите донесува Собранието или Советот на МС со 2/3-ко мнозинство од присутните делегати.

Дејност

10.Друштвата и клубовите се основни организациони структури на МС и се главни носители на дејноста и активностите на МС.

11.МС се залага за проширување на културно-просветните и спортските дејности, како и за подобрување на социјалната и културно-просветната положба, а врз основа на важечките законски прописи во Шведска. Една од главните задачи на МС е грижата за најмладите, а се состои во настојувањето да го научат мајчиниот јазик преку вклучување во културно-просветните и спортските дејности да го оформат и зачуваат својот национален идентитет.

12.Во рамките на своите можности МС активно работи и дејствува кон зближување и продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Кралството Шведска, запазувајќи го притоа угледот и уставното уредување на двете држави. МС соработува и со други доселенички шведски организации во Шведска за прашања од заеднички интерес на своите членови, како и со други слични организации во други држави.

Организациони одредби

13.Годишно собрание. Собранието е највисок орган на МС и се одржува секоја втора година во месец февруари. Собранието го закажува Претседателството на МС и тоа 1 (еден) месец пред денот на одржувањето. Собранието го сочинуваат верификувани делегати, избрани на годишните собранија или на проширени состаноци на друштвата и клубовите, членови на МС и по 1 (еден) претставник на женскиот односно младинскиот актив. Во работата на СОбранието учествуваат и членови на Претседателството и комисиите. Секое друштво или клуб испраќа делегати според бројот на своето членство. Друштво или клуб до 200 членови испраќа 1 (еден) делегат, а над 200 членови 2 (два) делегата.

14.Годишното собрание е полноважно доколку се присутни 2/3 од верификуваните делегати на Собранието. Право на глас на Собранието имаат само верификуваните делегати. Решенијата и одлуките се полноважни ако за нив гласале повеќе од половината присутни делегати со право на глас. Членовите на претседателството и комисиите, како и поканетите гости, имаат право на дискусија и предлози.

15.На предлог на кандидационата комисија се бира работно претседателство од три члена кое раководи со годишното собрание според прифатениот дневен ред и деловникот за работа.

16.Собранието врши измени и дополнувања на статутот, ја анализира севкупната работа за изминатиот период, донесува заклучоци и смернизи за натамошна работа, ги решава присутните молби и жалби и ја одредува висината на членарината. Собранието избира органи кои ќе работат до следното собрание.

17.Делегатите на собранието работат според смерниците од своите друштва и клубови од кои се избрани и на кои им се одговорни за својата работа. Сите делегати се должни да ги почитуваат заедничките одлуки и решенија на Собранието на МС.

18.Собранието на МС на предлог на Кандидационата комисија избира Претседателство од 9 (девет) членови и 2 (два) резервни членови и ги потврдува претседателите на Женскиот и Младинскиот актив. Мандатниот период на Претседателството е 2 (две) години.

19.Вонредно собрание. Вонредно собрание може да свика Претседателството ако смета дека за тоа постои потреба, односно по барање на 2/3 од членовите, или ако од било која причина 1/3 од членовите на Претседателството го напуштаат истото. Вонредното собрание се одржува според одредбите што важат за Годишното собрание, а ги разгледува само оние точки за кои што е свикано.

20.Собранието ги избира следните комисии, неопходни за работа на МС, со мандатен период од две години:

-Ревизиона комисија од 3 (три) членови и 2 (два) резервни членови.

-Кандидациона комисија од 3 (три) членови и 2 (два) резервни членови.

21.Собранието може да пренесе одделни функции на своите извршни органи и административни служби. Вработување на професионални лица се врши по пат на конкурс. Претседателството ги поставува условите за вработување.

22.Претседателството на МС го сочинуваат: претседател, потпретседател, организационен секретар, благајник и пет референти кои се занимаваат со област што во даден мометн ќе се проценат за важни, на пример, култура, образовни прашања, спорт, социјални и синдикални прашања, интеграција или некоја друга област. Во составот на Претседателството се и двата резервни члена без право на глас. Во составот на претседателството по функција, без право на глас, влегува и вработениот секретар и главен и одговорен уредник на „Македонски весник“.

23.Совет. Помеѓу две годишни собранија највисок орган на МС е Советот и се одржува една година по годишното собрание или повеќе пати по потреба. Советот го сочинуваат Претседателството, претседателите на друштвата и клубовите и членовите на комисиите на МС. Со состанокот на Советот раководи претседателот на МС според прифатениот дневен ред и деловникот за работа.

24.Претседателство. Претседателството на МС е извршен орган на Собранието и Советот и ги споредува решенијата и одлуките за работа донесени од Собранието и Советот, пред кои воедно и одговара за својата работа. Одликите на Претседателството се полноважни доколку се присутни повеќе од половината членови на Претседателството. Претседателството работи според правилникот за работа на Претседателството.

25.Работен секретаријат. Работниот секретаријат е консултативен орган на Претседателството со посебна одговорност за спроведување на одлуките. Секретаријатот подготвува материјали за состаноци, конкретни предлози и решенија на актуелни прашања и ја разгледува пристигнатата и испратената пошта. Секретаријатот го сочинуваат претседателот, секретарот и благајникот.

26.Претседателот на МС има репрезентативна и извршна функција и директно одговара за работата на Претседателството. Претседателот е потписник на МС во согласност со Статутот. Претседателот ги свикува состаноците на Претседателството и раководи со нив. Во отсутсво на претседателот, потпретседателот го превзема неговите должности.

27.Делегатот може да биде разрешен од својата должност на предлог на Претседателството, Собранието или Советот на МС, доколку е пасивен, неодговорно се однесува или го прекршува Статутот. Советот или Собранието на МС го разгледува предлогот и донесува конечна одлука. Ако делегатот на работи според смерниците или против интересите на матичното друштво или клубот од кој е избран, во тој случај друштвото или клубот на проширен состанок или на собрание може да донесе одлука за отповикување на делегатот. Одлуката, писмено образложена, се доставува 30 дена пред денот на одржување на Советот или Собранието на МС, каде се разгледува и се усвојува конечна одлука.

Делегатот може сам да поднесе оставка на својата должност само во писмена форма пред Претседателството, Советот или Собранието на МС. Ако според некој од овие услови делегатот биде разрешен (отповикан) од својата должност, неговото место се пополнува со еден од резервните членови.

28.Активи. Активите се основни организациони структури на МС, преку кои се изразуваат заедничките општествени интереси и потреби според полот и возраста.

29.Женскит актив работи во рамките на МС и има свој правилник за работа кој е во согласност со Статутот на МС. Претседателката на Женскиот актив е директно избран член на Претседателството на МС.

30.Младинскиот актив работи во рамките на МС и има свој правилник за работа во согласност со Статутот на МС. Претседателот на Младинскиот актив е директно избран член на Претседателството на МС.

31.Одбори. За дејности за кои не постои постојана односно регистрирана база, а има потреба за решавање на заедничките општествени интереси и прашања од привремен карактер, се формираат одбори (хуманитерни, иницијативни и организациони). Одговорните (претседателите) на одборите присутствуваат на Собранието и Советот, а по потреба и на состаноци, но немаат право на глас.

32.„Македонски весник“. „Македноски весник“ е орган на МС и се печати врз основа Шведски законски прописи. Главен и одговорен уредник се избира или потврдува на Собранието на МС. Редакцијата во состав од 3 (три) до 5 (пет) членови на предлог од главниот и одговорен уредник се потврдува на Годишното собрание на МС. „Македонски весник“ има свои дописници.

33.За својата дејност „Македноски весник“ остварува финансиски средства од:

-поединечна или групна претплата;

-огласи и соопштенија.

34.За работата на „Македонски весник“ главниот и одговорен уредник му одговара на Собранието или Советот.

35.Ревизиона комисија. Ревизионата комисија е орган на Собранието и ја контролира економската работа на МС. Ревизионата комисија се состои од 3 (три) членови и 2 (два) резервни членови, избрани од Собранието и по потреба еден професионален ревизор.

36.Кандидационо-верификациона комисија. Кандидационо-верификационата комисија се состои од 3 (три) членови и 2 (два) резервни членови. Комисијата подготвува и поднесува предлог на можни кандидати за органи на Собранието и врши верификација на делегатите на Собранието.

Економско работење на МС

37.За својата дејност МС остварува финансиски и материјални средства од:

  • членарина што се одредува на Годишното собрание за сите членови:
  • приходи што се остваруваат од организирање на културни и спортски манифестации;
  • организирање и споредување на проекти;
  • дотации од Државниот завод за интеграција.

38.Финансиското сметководство се одвива според правилникот за работа. Сите фактури, сметкопотврди и други документи, освен одговорното лице, ги потпишува претседателот

39.Буџетска година на МС е од 01.01 до 31.12.

Општи и завршни одредби

40.Жалби на одлуките на Претседателството се поднесуваат до Собранието или Советот во рок од 30 дена по примањето на одлуката. Жалбите се поднесуваат во писмена форма. Одлуките на Собранието и Советот се конечни и извршни.

41.Измени и дополнувања на Статутот може да вршат само Собранието и Советот на МС со 2/3 мнозинство од делегатите. Предлог за измени и дополнувања на Статутот се доставува во писмена форма 2 (два) месеци пред денот на одржување на Собранието или Советот.

42.МС не може да се распушти се додека има 3 (три) активни членови. Во случај на расформирање на МС, паричните и материјалните средства се предаваат на чување на македонските друштва и клубови кои се членови на МС.

43.Овој Статут на МС со 43 членови е усвоен со измени и дополнувања на состанокот на Советот во Трелеборг на 22.02.2003 година.

 

 

 

 

Додадени се друштва на МС
Јун 18, 2012
Посетете ги линковите до повеќето друштва...

Додадени се нови слики во галеријата.
Јун 18, 2012
Посетете ја нашата галерија...

Дома  |  За Нас  |  Om Oss  |  Новости и Активности  |  Друштва  |  Галерија  |  Претседателство на МС  |  Контакт
Македонски Сојуз ©2012.

 
Design by Centrog