Правилник за работа на Претседателството на МС
blog   

1.Претседателството е извршен орган на Годишното собрание кој управува со Македонскиот Сојуз (понатаму МС) до наредното Годишно собрание.

2.Претседателството на МС ги претставува македонските друштва и клубови во Шведска, организирани во МС, пред општествените институции, организации, други сојузи и друштва, како во Шведска така и во други земји.

3.Претседателството се состои од: претседател, потпретседател, благајник, организационен секретар, референт за култура, спорт, школство, социјални и синдикални прашања и информации, претседател на женскиот актив и претседател на младинскиот актив.

4.Претседателството се конституира на првиот состанок на Претседателството на МС по изборното годишно собрание. Претседателот на МС се бира на изборното годишно собрание.

5.Претседателството донесува план и програма за целокупната работа на МС.

6.Претседателството работи колективно (редовни и вонредни состаноци), во работни групи (извршен одбор, комисии и одбори) и поединечно според посебните должности на членовите на Претседателството.

7.Состаноците се одржуваат еднаш на два месеци или по потреба.

8.Со состаноците раководи претседателот, а во негово отсутство подпретседателот.

9.Состаноците на Претседателството се водат на македонски јазик.

10.Редовните состаноци треба да ги содржат следните точки во дневниот ред:

  • Отворање на состанокот
  • Усвојување и дополнување на предлог дневниот ред
  • Усвојување на записникот од предходниот состанок
  • Пристигната и испратена пошта
  • Актуелни прашања/молби, извештаи
  • Разно
  • Крај на состанокот

11.Работниот секретаријат дава предлог за дневен ред на состаноците кој се изменува и дополнува на почетокот од работата.

12.Предлозите за измена и дополнување на предложениот дневен ред мораат да бидат образложени.

13.Претседателството може да одлучува само ако на состанокот се присутни повеќе од половина членови на претседателството.

14.Право на глас имаат само членовите на Претседателството. Членовите на комисиите и одборите и други членови имаат право да присутствуваат на состанокот на Претседателството, да дискутираат, да даваат свое мислење, забелешки и дополнувања, но немаат право на глас.

15.Гласањето може да биде јавно или тајно.Во случај на предлог за тајно гласање, видот на гласањето се одредува со кревање рака.

16.Претседателот дава предлог за должината на дискусиите и секој дискутант е должен да се придржува на таква одлука.

17.Секој дискутант се пријавува за дискусија со кревање рака, без гласно извикување. Сите присутни се должни внимателно да ја следат дискусијата на дискутантот.

18.Во случај некој од присутните членови непристојно се однесува и со тоа ја попречува работата на Претседателството, претседателот дава предлог таа личност да го напушти состанокот.

19.Присутните членови се должни да се придржуваат на усвоениот дневен ред. Претседателот има право да му го одземе зборот на оној дискутант кој што не се придржува на дневниот ред и покрај претходното предупредување.

20.Ако има повеќе од два предлога, се гласа по редоследот на поднесените предлози и се усвојува предлогот што има добиено најмногу гласови. Во случај на еднаков број гласови при гласањето, претседателот има право на два гласа.

21.На состаноците се води записник, а копии од записникот се испраќаат до членовите на Претседателството, друштвата и клубовите, ревизионата и кандидационата комисија.

22.Вонредните состаноци ги свикува претседателот во консултација со членовите на Претседателството или на барање на повеќе од половина членови на Претседателството. На вонредните состаноци се решаваат само прашање кои биле причина за свикување на состанокот.

23.Секој член на Претседателството кој неоправдано отсутствува на повеќе од три состаноци, не покажува интересирање за работата, или го прекршува Статутот на МС, ќе биде разрешен од својата функција во Претседателството.

24.Во случај Претседателството да го напуштат повеќе од половина членови мора да се свика вонредно Годишно собрание во рок од 30 дена.

25.ПРЕТСЕДАТЕЛ. Претседателот е официјален претставник на Претседателството. Претседателот има посебна одговорност за доследна примена на овој правилник и сите нормативни акти на МС. Претседателот ги води состаноците и е одговорен за спроведување на донесените одлуки и заклучоци. Претседателот ја координира целокупната работа на МС.

26. ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ. Потпретседателот му помага во работата на претседателот на МС и во отсутство на претседателот ги презема сите негови должности, обврски и одговорности. Во случај претседателот да го напушти Претседателството, потпретседателот го заменува до моментот на избор на нов претседател на Годишното собрание.

27.ОРГАНИЗАЦИОНЕН СЕКРЕТАР. Организациониот секретар ги спроведува одлуките на Претседателството, и посебно е одговорен за организацијата на културните и спортските манифестации на кои МС е покровител.

28.БЛАГАЈНИК. Благајникот ја води целокупната економска администрација и води благајничка книга "Kassa bok". Благајникот се грижи за редовно собирање на членарината и навремено подмирување на сметките и фактурите за кои што постои одлука од Претседателството. Сите уплати и исплати се вршат преку поштенска жиро сметка на МС, а во некои случаеви и во готово. Благајникот е одговорен за навремено поднесување на барањата шведските институции за донации на МС, а во посебни случаеви предава податоци до даночната управа како на пример, Deklaration, arbetsgivare-kontrolluppgifer. Благајникот ја подготвува завршната сметка (balans-resultaträkning), како и предлог буџетот на МС.

29.РЕФЕРЕНТ ЗА ШКОЛСТВО. Референтот за школство се грижи за изучувањето и застапеноста на мајчиниот јазик во училишната програмаи во активностите на македонските друштва и клубови, се залага за формирање на родителски и наставнички организации, како и за образување, односно, усовршување на македонскиот јазик кај возрасните.

30.РЕФЕРЕНТ ЗА КУЛТУРА. Референтот за култура ја координира работата и учествува во организацијата на манифестациите под покровителство на МС. Референтот за култура помага во подготвувањето на културни активисти и учествува во организациите при гостувањето на културни групи.

31.РЕФЕРЕНТ ЗА СОЦИЈАНИ И СИНДИКАЛНИ ПРАШАЊА. Референтот за социјанли и синдикални прашања работи за подобрување на социјалната положба и за информирање во оваа област на Македонците во Шведска, за подобрување на условите во работните средини и зачленување на нашите граѓани во синдикални организации. Референтот соработува со ABF и организира разни информативни состаноци и семинари.

32.РЕФЕРЕНТ ЗА СПОРТ. Референтот за спорт ги координира спортските активности и организира сојузни натпревари. Референтот за спорт работи за омасовување на спортот меѓу нашите граѓани, а посебно кај младината и организира семинари за спортски активности.

33.РЕФЕРЕНТ ЗА ИНФОРМАЦИИ И ПЕЧАТ. Референтот за информации и печат работи за подобро информирање на членовите, за задржување и проширување на радиопрограмата на македонски јазик, застапеност на TV-програми на македонски јазик, како и проширување на дописничката мрежа на „Македонски јазик“.

34.СЕКРЕТАР (професионално лице). Секретарот е стручно-техничко лице и е должен да одговара на телефон, да ја зема и регистрира пристигнатата пошта, да испраќа пошта/факс и да ја потпишува истата со донесена одлука од Претседателството или со дозвола од претседателот, да ги подготвува и дистрибуира материјалите за состаноци, да ги информира членовите на Претседателството за состаноците, да води записник на состаноците и копија од истиот да испраќа според 21, да подготвува предлог и програма за работа, проекти и слично. Секретарот за својата работа е одговорен пред Претседателството на МС.

35.ИЗВРШЕН ОДБОР. Извршниот одбор, кој го сочинуваат претседателот, благајникот и организациониот секретар, е консилтативено орган на Претседателството, подготвува предлог дневен ред за состаноците и има посебна одговорност за спроведување на одлуките на Претседателството. На состаноците на извршниот одбор се води записник кој се поднесува и разгледува на состанокот на Претседателството.

36.ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР. Организациониот одбор, кој се состои од организациониот секретар и референтите за спорт, култура и информации, подготвува програма за манифестациите под покровителство на МС и е одговорен за доследно спроведување на истата, заедно со друштвото организатор.

37.Вработување на професионално лице се врши по пат на конкурс. Претседателството ги поставува условите за вработување (работно време, школска подготовка, работни задачи и плата).

38.ПАТНИ ТРОШОЦИ. За сите состаноци на Претседателството, комисиите и членовите на друштвата и клубовите што се поканети, како и за поединечни патувања во корист на МС, а со одобрение на претседателот, патните трошоци ги сносува МС. Патувањата со автомобил треба да бидат групни и организирани, а со воз да се патува со втора класа. При патувањето трошоците за појадок, ручек или кафе, МС не ги подмирува.

39.За состаноци на Претседателството, комисиите, Советот, Годишното собрание, трошоците за храна ги сносува МС. Ако состаноците се дводневни, МС обезбедува и спиење. Домаќините на состаноците, во договор со Претседателството, подготвуваат појадок, ручек, сок и кафе, а цената за тоа не смее да биде повисока од ресторантските дневни цени "Dagens rätt".

40.Организирање на културно и спортски манифестации. За сите културни и спортски манифестации, на кои МС е покровител, Претседателството на МС прави предлог со услови за организација и го доставува до сите друштва и клубови, членови на МС. Организирањето на манифестациите се одвива според Правилникот за организирање на културно-спортски манифестации.

41.Одлуки за измени и дополнувања на овој правилник донесува претседателството на МС или Советот. Предлозите за измени и дополнувања на правилникот треба да бидат образложени и доставени во писмена форма.

42.Овој правилник за работа на Претседателството на МС се состои од 42 члена и е усвоен на состанокот на Претседателството на 13.06.1998 година во Трелеборг.

 

 

 

 

Додадени се друштва на МС
Јун 18, 2012
Посетете ги линковите до повеќето друштва...

Додадени се нови слики во галеријата.
Јун 18, 2012
Посетете ја нашата галерија...

Дома  |  За Нас  |  Om Oss  |  Новости и Активности  |  Друштва  |  Галерија  |  Претседателство на МС  |  Контакт
Македонски Сојуз ©2012.

 
Design by Centrog