На 31 март 2012 година во Малме се одржа

Ден на македонската поезија во Шведска по 22-и пат
blog   

 

На 31 март 2012 година во организација на Македонското поетско друштво „Дениција“ се одржа 22-та по ред културна манифестација Ден на македонската поезија во Шведска, која секоја година се одвива под покровителство на Mакедонскиот сојуз.

Друштво домаќин годинава беше КСД „Македонија“ во своите стари простории со адреса на Persborgs Torg 1, Malmö.

Во рамките на програмата на манифестацијата настапија дваесетина автори. Гостин од Македонија овојпат беше поетесата и литертурен критичар Милица Димитријовска-Радевска. За нејзиното творештво пред присутните зборуваше Тереза Шалевска-Мирчева. Во рамките на поетското читање свои стихови прочитаа Борче Андовски, Најдо Георгиевски, Хасан Шабовиќ, Румена Ивановска-Пупавац, Ивица Челиковиќ, Лилјана Стоилковска-Андовска, Остен Хансон, Томе Велјановски, Сејма Сарфилоски, Сузана Ѓорушевска, Кристина Николовска, Лилјана Ивановска, Слободан Пановски, Биби Тртињак, Алија Кадриќ, Рагип Сијариќ, Дејв Фридман, Драге Велевски и младата гостинка од Македонија, Наксије Ибраимова. 

Гостин на манифестацијата беше митрополитот европски г.Пимен, кому притоа му беше врачена плакета за почесн член на Македонскиот сојуз. Владиката Пимен беше прогласен за почесен член на годишното собрание на МС што се одрќа на 3-4 март годинава во Гетеборг. Плакетата му ја врачи претседателот на Македонскиот сојуз Јован Божиновски. 

 

 

 

 

Додадени се друштва на МС
Јун 18, 2012
Посетете ги линковите до повеќето друштва...

Додадени се нови слики во галеријата.
Јун 18, 2012
Посетете ја нашата галерија...

Дома  |  За Нас  |  Om Oss  |  Новости и Активности  |  Друштва  |  Галерија  |  Претседателство на МС  |  Контакт
Македонски Сојуз ©2012.

 
Design by Centrog