Деловна презентација и дегустација на македонски вина во Стокхолм
blog   

 

На шведскиот пазар на алкохолни пијалоци, кој функционира како еден од најсофистицираните во рамките на ЕУ, и е под директна надлежност на државната шведска продажна мрежа “Систем болагет“, македонските вина се релативно непознат производ. Моментно во бутиците на “Систем болагет“ одвреме-навреме може да се најде само по некое шише “вранец“ на македонската винарија “Бовин“. За споредба со скромните, речиси непостоечки податоци за продажбата на македонски вина, статистиката на “Систем болагет“ од последното тримесечје на 2010 година покажува дека најуспешни земји од Источна и Централна Европа се Унгарија (2,5 проценти), Бугарија (0,8 проценти ) и Романија, која има остварено 0,2 проценти од вкупната продажба на вина во Шведска. Вината од други земји од Централна и Источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, во статистиката се дадени под категоријата “други земји“.  

Имајќи ги превид таквите состојби во областа на пласманот на виното, со право се очекува стимулативен ефект од деловната презентација и дегустација на македоснки вина, која на 27 јануари во Стокхолм ја организирaа Амбасдата на Република Македонија во шведската престолнина и Стопанската комора Шведска-Југоисточна Европа.

На презентацијата во Стокхлм, на која се поканети 180 увозници на вино и претставници на “Систем болагет“, ќе присуствува и македонскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски, а со чие присуство се потврдува поддршката што македонската Влада му ја дава на винопроизводството во Македонија. Во тект на својата работна посета на Шведска, министерот Димовски ќе оствари средба и со шведскиот министер за рурален развој Ескил Ерландсон.

Оваа манифестација е најавена како ретка можност на најдобрите македонски производители на вино да им се претстават со преку 70 вина на шведските и финските стопанственици од овој сектор. Со свои производи во рамките на презентацијата во хотелот “Скандик Сергел Плажа“ во Стокхолм ќе учествуваат “Тиквеш“, “Сковин“, “Стоби“, “Дудин“, “Бовин“, “Лозар“, “Попова кула“, “Попов“, “Џумајлија“ и “Вик-Анџело“.

- Ова е досега најголема презентација на македонски вина во Шведска, и пошироко во Скандинавија, а посебно ме радува дека овој исклучителен настан се совпадна со почетокот на мојот мандат, рече новонаименуваниот македонски амбасадор во Шведска, Кире Илиоски.

Тој едновремено укажува дека треба да се потенцира фактот оти на традиционалното производство на вино во Република Македонија му е даден нов поттик со значителни инвестиции и know-how, што во целина резултира со квалитни вина подготвени да бидат откриени и консумирани од европските потрошувачи. 

Деловната презентација во Стокхолм би можела да ги подотвори вратите за поголем пласман и побарувачка на македонски вина во Скандинавија. Во моментов, кога се актуелираат најави можна грчка блокада на пазарот во ЕУ, преку инсистирање на промена на географската одредница за македонско потекло на виното, вреди да се посочи податокот дека во средината на 1990-те години во Шведска се продаваа повеќе сорти македонски вина. Во тој период се чинеше дека македонското вино добиваше се посилна позиција на рафтовите во “Систем болагет“, посебно преку присутвото на четири сорти вино од винарската визба “Повардарие“ од Неготино. Едно друго вино, “Мил крик мерлот“, во споменатиот период беше продавано преку една унгарска фирма како производ со географско потекло од Македонија и се здоби со значајна популраност мешу муштериите на “Ситем болагет“. 

Денеска тоа се само бледи сеќавања, но секако можат да претставуваат добра стартна основа за македонските винарии за еден поинтезивен и поконтинуиран маркетинг во Шведска, при што претстои сложено соочување со исклучително силна конкуренција, како во областа на квалитетот на производите, така и во однос на цените, квантитетите и сигурноста на испораките.  

Поддршката на тој пат нема да изостане и меѓу бројната македонска заедница во Скандинавија. Македонскиот сојуз во Шведска пред извесно време иницираше орагнизирање на саемска манифестација во Гетеборг, за подрачјето на западна Шведска, која би требало да се реализира напролет годинава, во функција на натамошна промоција и воспоставување и зајакнување на деловните контакти со шведските вински импортери.  

Makedonski vina

 

 

Додадени се друштва на МС
Јун 18, 2012
Посетете ги линковите до повеќето друштва...

Додадени се нови слики во галеријата.
Јун 18, 2012
Посетете ја нашата галерија...

Дома  |  За Нас  |  Om Oss  |  Новости и Активности  |  Друштва  |  Галерија  |  Претседателство на МС  |  Контакт
Македонски Сојуз ©2012.

 
Design by Centrog